|   Дома   |   За Општината   |   Општински Органи   |   Линкови   |   Контакт    Идеи  |

За Општината
Инфраструктура
Демографија
Клима
Култура
Спорт
Транспорт
Oргани на општината
Совет
Градоначалник
Администрација
Членство
Новости
Проекти
Информации
Меѓународна Активност
Дискусии
Невладини Организации
Контакт
Совет
Градоначалник
Администрација
Пребарување

Клучни Зборови:

Инфоцентар:

Службен гласник:

Годишен информатор:

ЗЕЛС:

Европски прашања:

Слободен пристап:

Добредојдовте на официјалната Веб страна на Општина Јегуновце - Република Македонија
Карта

Инвестирај:

Селски туризам:

Планински туризам:

Пријави Корупција:

Добиен сертификат:

Анкета

Како ви се допаѓа нашaта нова веб страница?

Одлична е
Ми се допаѓа
Не е лоша
Жалам, не ми се
            допаѓа


[ Погледни резултати ]


Податоци за општина Јегуновце


 

        Општината Јегуновце е срцето на полошкиот регион, душата на Република Македонија. Спој на традиционалното со мултиетничко битие. Се наоѓа во северозападниот дел на Долни Полог. Всушност, морфолошки таа се наоѓа меѓу западната падина на варовничката планина Жеден и јужната падина на Шар Планина, односно е сместена на пространата алувијална рамнина на реката Вардар. Со новата територијална организација на општините од 16.08.2004 година во Република Македонија во склоп на оваа општина влегува и поранешната Општина Вратница.

         По својата локација Општина Јегуновце има мошне важно значење за економската и стратешката положба, бидејќи на широк појас и преку еден превал се поврзува со РС во делот со Косово. Преку неа води и регионалниот пат Р-405 кој што има меѓународно значење. Исто така тука поминува и железничката пруга Скопје - Тетово - Кичево. Се граничи со општините: Теарце, Желино и Сарај како и со државната гранична линија со Србија во делот со Косово. Исто така е многу важно да го споменеме и граничниот премин „Јажинце“ преку кој премин дневно преминуваат голем број патници  и моторни возила.

          Општина Јегуновце зафаќа површина од 174 км². Во состав на новоформираната општина се наоѓаат 17 населени места и тоа: Беловиште, Вратница, Жилче, Јажинце, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Орашје, Подбреѓе, Прељубиште, Раотинце, Ратае, Рогачево, Сиричино, Старо Село, Туденце и Шемшево. Седиштето на општината се наоѓа во Јегуновце. По последниот попис на населението од 2002 година вкупниот број на жители изнесува 10.790 од кои 5.963 македонци, 4.550 албанци, 108 срби, 37 роми, 4 турци и други. Општината е една од најголемите печалбарски општини во Македонија.

 

 

Грб на Општина Јегуновце Знаме на Општина Јегуновце
  |   Дома   |   За Општината   |   Општински Органи   |   Линкови   |   Контакт    Идеи  |
Copyright © 2006 NGO 'MAC' Municipality of Jagunovce. All rights reserved